Џет-Сет
19. July 2017 - 20:09

Раните на Жељко Самарџиќ уште крварат - откри каква трагедија криел со години

Жељко Самарџиќ ги има дел од најубавите хитови на естрадата, а крие трагична приказна зад себе. Има болен спомен кој секогаш ќе го носи со себе.

Тој проговори дека само неколку месеци откако се породила неговата сопруга Маја, нивниот син починал, а таа рана сеуште му крвари.

- Нашето второ дете беше син, кој почина како бебе, тоа е од оние рани кои не закрепнуваат додека сте живи. Остана бескрајна тага и празнина. Сфатете ме, не сакам да зборам за тоа, изјави Жељко.