Фудбал
27. February 2017 - 18:22

Раниери ја подари половина од отпремнината и ја воодушеви Англија

Се уште не стивнаа реакциите во Светот за одлуката на ФК Лестер да го смени Клаудио Раниери, тренерот кој им донесе титула а италијанскиот стручњак  повторно ги предизвика медиумите и фановите да зборат за него. 
По некои сеуште непотврдени информации од фановите на Лестер, Раниери половина од отпремнината  која изнесува 3 милиони фунти ги донирал за клупскиот хуманитарен фонд „Фоксес Фаундејшн“ и ја одушеви Англија.