Фудбал
21. December 2015 - 14:05

Раниери: Имаме одличен и хомоген тим

Менаџерот на Лестер, Клаудио Раниери вели дека неговиот тим нема притисокот за освојувањето на титулата во Премиер Лигата, и додаде дека се е можно ако неговиот тим продолжи да игра на ист начин и во остатокот од сезоната.
 
-Тренирав многу големи клубови и одлични играчи, но никогаш екипа со вака изразен тимски дух. Минатата сезона имавме стресна ситуација, сега не. Сега уживаме и ние мораме да продолжиме по истиот пат, ако сакаме да се случи чудо. Ако тоа не се случи, секако ние нема да бидеме разочарани, изјави Раниери.
 
Италијанскиот стручњак се плаши дека најголемите клубови од Англија во зимскиот преоден рок може да му ги купат двата најдобри играчи Џејми Варди и Ријад Махрез.
 
- Имаме одличен тим, многу хомоген. Ако ние треба да бараме една две или три замени ќе ја нарушиме атмосферата, заклучи Раниери.
 
Лестер по 17.кола во Премиер лигата е на првото место со 38 бодови, пет повеќе од второпласираниот Арсенал кој има и натпревар помалку.