Рамос среќен поради головите, ќе биде уште посреќен ако Барселона испадне
Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос вели дека му е мило поради тоа што со два гола против Наполи го слави 100. меч во Лигата на шампионите.
Тој на почетокот на второто полувреме по удар со глава најпро изедначи, а потоа уште еднаш го совлада голамнот на Наполи и одново по удар со глава при што имаше помош и од Мертенс кој малку го смени правецот на топката.
- Го играв 100. натпревар во Лигата на шампионите и сакав да прославам со гол. На почетокот не беше се како што посакувавме, но подоцна ја пронајдовме победничка формула и беше полесно. Понекогаш работите не одат како што сакаш, што беше случај и во првиот дел, но јас сум среќен што на крајот ние победивме, рече Рамос.
Тој се осврна и на вечерашниот реванш на „Камп Ноу“од пресметката меѓу Барселона и ПСЖ кој во Шпанија носи предност од 4:0 остварена во Париз.
- Ќе бидам посреќен ако Барселона загуби. Во тој случај ќе имам полесен сон, изјави Рамос во свој стил.
Покрај Реал, синоќа во четвртфиналето од ЛШ се пласира и Баерн Минхен кој со вкупни 10:2 го елиминира Арсенал.
Ново на Сител
-
Оваа година поголем одзив до 15 часот во споредба со 2019
-
Излезеноста во Куманово до 15 часот 33 проценти, во Липково 25, во Старо Нагоричане 35
-
Излезеноста на изборите до 15 часот во Дебар 22, во Центар Жупа 13,11 отсто
-
Во Новаци гласале повеќе од половина жители, најмала излезност во Центар Жупа
-
Излезноста до 15 часот е 35,89 отсто
-
24-годишна девојка нападната од нејзиниот невенчан сопруг
-
Силувана малолетничка во Шуто Оризари
-
Во Крива Паланка излезноста до 13 часот е 42,08 отсто