Балкан
23. February 2017 - 23:50

Рајс: Учеството на ММФ во спасувачката програма за Грција ќе зависи од реформите и олеснување на долгот

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе го разгледа прашањето за даде свој финансиски придонес во спасувачката програма за Грција, дури откако ќе има сеопфатна дебата за економските реформи и преструктурирањето на долгот, изјави денеска претставникот на Фондот Џери Рајс. 

- Пред ММФ да може да ги преземе обврските за наше учество во програмата, имаме потреба да спроведеме дебата за мерките и олеснување на долгот, нагласи Рајс, одговарајќи на прашања на редовна прес конференција. 

- Шефицата на ММФ Кристин Лагард и американскиот министер за финансии Стивен Мнучин во телефонски разговор, покрај многу прашања, разговарале и за ситуацијата во Грција, истакна Рајс, одбивајќи притоа да наведе повеќе детали.