Свет
9. May 2016 - 15:16

Рајнхолд Митерленер привремено назначен за канцелар на Австрија

Рајнхолд Митерленер, вицеканцелар и министер за економија привремено ќе ја извршува должноста канцелар на Австрија, јави ДПА. 

Австрискиот канцелар Вернер Фајман денеска поднесе оставка на сите државни и партиски функции. 

Тој во кусото обраќање пред новинарите изјави дека донел одлука да се повлече од лидерската функција во Социјалдемократската партија, како и од функцијата претседател на Владата. 

Фајман ненадејно ја објави оваа одлука пред денешниот состанок на Претседателството на партијата.