Македонија
21. November 2017 - 16:25

Рајнхард Прибе беше дециден дека реформата во медиумската сфера треба да причека

Владата останува на намерата за брзо донесување на законот з амедиуми и покрај препораката на експертскиот тим рпедводен од Прибе- да не се брза со реформите во медиумскиот сектор.

Предлог законот и натаму ги содржи проблематичните одредбиз а задолжително балансиртано известување кое според медиумите претставува директно мешање на државата во содржината на вестите. Иако во предлог измените на законот за медиуми се тргнати двата члена кои предвидуваат балансирање во известувањето на медиумите,  обврската продолжува бидејќи истата е содржана во членот 61 од законот

Во членот 61 меѓу другите начела стои - „објективно и непристрасно прикажување на настаните со еднаков третман на различните гледишта и мислења и овозможување на слободно оформување на мислењето на публиката за одделни настани и прашања.“ што е речиси суштински  исто што и содржината која беше во  начелата од членовите кои се тргнати од предлог измените на законот.

И покрај можноста за јавна дискусија со медиумските работници, Владата и натаму  не отстапува од цензурата врз медиумите, обвинија од ЗНМ.

На вчерашната јавна дискусија медиумските работници побараа да се укинат казните за новинарите и медиумите. Според планот на министерството за информатичко општество, предлозите од засегнатите страни треба да се достават до крајот на месецот и да се изработи конечната верзија на законот, како една од обврските од Пржинскиот договор но и планот 3-6-9 по кој не оценува Брисел. Инаку Прибе во последниот експертски извештај препорача дека медиумските реформи не смее и не треба да бидат избрзани.