Кошарка
26. September 2016 - 19:58

Радоњиќ: МЗТ ќе биде конкуренетен тим во АБА лигата

Тренерот на Црвена Звезда Дејан Радоњиќ во пресрет на новата сезона во АБА лигата за првиот ривал на својата екипа македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродорм изјави:
- МЗТ Скопје е клуб, кој беше многу амбициозен во преодниот рок и направи многу квалитетен состав, кој ќе игра и во Еврокупт. Очекувам особено во АБА лига да играат значајна улога и да се борат за врвот на табелата. На стартот не очекува добар искусен и натпреварувачки тим и тоа веднаш на стартот од АБА лигата. 
Натпреварот Црвена Звезда – МЗТ Скопје се игра на 30.септември (петок) во Белград со почеток во 19 часот. Новата сезона во АБА лигата почнува еден ден претходно со два натпревара. Вториот македонски тим во оваа лига своето деби ќе го има на 1.септември (сабота) на гости против Крка