Џет-Сет
27. January 2016 - 20:13

Радојка алијас Дара Бубамара доби кривична пријава за порно снимките

Секс аферата на Дара Бубамар не престанува да ја тресе естрадата, а она што го направи нејзиниот кум никој не го очеквуаше.

Имено, откако пејачката го обвини ненад Дрљан дека ги злоупотребил нејзините лични податоци но и организирал секс - афера поради која е на столбот на срамот, кумот одлучи да реагира.

Поднесе кривична пријава против пејачката и тоа поради лажни информации дека тој на новинарите им ги дал нејзините порно фотографии.

Dara sa suprugom, foto: Damir Dervišagić

Дара со сопругот

По тој повод се обрати адвокатската канцеларија која Дрљан ја ангажирал:

„Адвокатската канцеларија соопштува дека е ангажирана од страна на Ненад Дрљан, кум на госпоѓата Радојка Кесиќ, алијас Дара Бубамара, и по повод наводите на именуваната пренесени во средствата за јавно информирање што се однесуваат на дистрибуцијата на фотографии, ќе поднесе тужба за надомест на штета и барање за исправка на информациите како и кривична пријава против Радојка Кесиќ, пишува во соопштението.

Да потсетиме, Дара Бубамара неодамна го обвини кумот дека се допишувал со различни мажи, меѓи кои и со лажниот профил на Андрија Милошевиќ, и дека во медиумите испратил нејзини порно фотографии.