Радичевиќ ѕвезда на ЕХФ
Ракометарката на Вардар, Јованка Радичевиќ, во изборот на ЕХФ е една од трите ѕвезди на последното коло, со кое заврши фазата по групи во Лигата на шампионите.
Радичевиќ блескаше во убедливата победа на ЖРК Вардар над Турингер 36:26. Црногорката, во саботата, со девет голови, го предводеше тимот до победата.
Вардарки го освоија првото место во Групата 1 и во четвртфиналето ќе игра против Митјиланд.
Покрај Радичевиќ, меѓу трите ѕвезди ЕХФ ги избра и ракометарките на ЧСМ Букурешт и Митјиланд, Аурелија Браденау и Вероника Кристијансен.
ЧСМ Букурешт славеше кај Есбјерг 25:20, а Браденау постигна пет голови за европскиот првак.
Госинска победа забележа и Митјиланд во Словенија, кај Крим 27:21, а во победата Кристијансен партиципираше со девет голови.
Инаку покрај Радичевиќ уште две ракометарки на Вардар се најдова во изборот на ЕХФ за ова коло, Лејно ја има една од најдобрите пет одбрани, а Илина постигна еден од најубавите голови.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо