Балкан
22. January 2017 - 13:44

Радев инаугуриран за нов бугарски претседател

Румен Радев денеска беше инаугуриран за нов претседател на Бугарија на свеченост пред црквата Александар Невски во Софија. Во првиот говор тој вети дека ќе дејствува во корист на „обединето општество во име на демократијата“.

Радев истакна дека ќе биде претседател на сите Бугари без оглед на нивната партиска припадност или етничка и верска припадност.

Новиот бугарски претседател рече дека со партнерите на државата ќе работи на забрзување на интеграцијата со Европа, но вети и борба за права и достоинство на народот.

Радев е петти демократски избран претседател на Бугарија.