Џет-Сет
15. February 2016 - 15:53

Рада Манојловиќ на снимање на Гранд без шминка!

Таа секогаш води грижа за својот изглед кога знае дека ја чекаат новинари и фоторепортери, меѓутоа овојпат решила да се претстави во едно поразлично светло. Фолкерката неколку пати до сега на социјалните мрежи објави фотографии на кои таа позира без шминка, но во живо никој досега немал прилика да види како таа изгледа без грам шминка.
 
За да ги победи предрасудите, пејачката на едно од снимањата на Гранд се појави ненашминкана како да заборавила дека фотографите чекаат пред студиото.
 
Иако делувала уморна и ненаспиена, Рада не го криела задоволството кога случнала дека изгледа убаво и без шминка.