Бизнис
15. December 2016 - 20:01

Работодавачи: Што поскоро да се формира новата влада, политичката криза се одразува на растот

Работодавачите очекуваат што побрзо да се формира новата Влада. Велат дека политичката криза негативно се одразува на стопанскиот раст и  ги доведува во прашање и домашните и странските инвестиции. Во вакви услови ниеден инвеститор нема да се одлучи да вложува во нови проекти.

Фирмите ги имаат утврдено и барањата како и предлозите кои ќе ги достават до новата Влада. Неркои од предлозите се државата на младите до 25 години да им ги врати уплатените придонеси и персоналниот данок.

Да се создадат можности за сезонско работење на студентите и за креирање на квалификувани кадри.