Бизнис
22. December 2016 - 19:40

Работодавачи: Политичката неизвесност ја држи економијата во грч

Македонската економија 2 година во заложништво  поради политичката криза и неизвесност. Прегласувањето, одолговлекувањето на формирање нова влада, директно влијае врз планирањето, економските текови и подобрување на законската регулатива. Психолошкиот товор од неизвесноста  го чувствуваат и работодавачите и работниците. Едните се воздржуваат од инвестиции и нови вработувања, домаќинставата од трошење

Странските компании не ги интересира политичката криза – нив ги интересира  стабилноста  на економијата. Затоа, според Бошков, домашните фирми кои соработуваат со нив,  намерно  избегнуваат да говорат за кризата. Оние компании  кои се  соочуваат со финансики проблеми,  намалено производство и откажани нарачки, наместо да отпуштаат работници потребно е да  воведат мерки за штедење.  Добро е ако менаџменот им ја објасни ситуацијата на сите вработени  и со заеднични сили да се препроди и овој период, во кој последиците сигурно ќе се чувствуваат и првиот квартал наредната година