Македонија
23. April 2017 - 12:46

Работник почина по пад од триметарска платформа

Работник при пад од триметарска платформа во Виница вчера се здобил со тешки телесни повреди, на кои им подлегнал во Ургентниот центар во Скопје.

Како што соопшти МВР, несреќата се случила вчера околу 14:40 часот, додека А.Г. (60) од кочанското село Горни Подлог, работел во хала-луштара во кругот на фирмата „Мак-Прогрес“ во Виница. Тој бил качен на платформа на висина од околу три метри при што во еден момент згазнал на гипсена табла и паднал.

Со возило на итна медицинска помош А.Г. е пренесен во Општа болница Кочани, каде му е укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите е пренесен во Ургентниот центар-Скопје, каде во 16:40 часот починал.