-->
-->
Работниците од Фени се заканија дека ќе ја исклучат печката и ќе излезат на блокади ако до понеделник нема плата
-->
Протести и блокади, но и исклучување на печката ако до понеделник нема плата. Работниците во кавадаречки Фени дадоа рок на менаџментот на бугарската компанија Енекод до понедленик да ја исплати октомвриската плата и фабриката да почне со производство. Ако тоа не се случи се заканија дека ќе излезат на улица, а она од што се стравува најмногу е дека ќе ја исклучат печката во комбинатот. За нејзино повторно вклучување ќе бидат потребни најмалку 10 милиони евра и долг период за рестартирање.
Во меѓувреме сопственикот Кунико испрати допис во кои се вели дека Енекод не може да ги уплати парите за плати и работење на сметката на ФЕНИ затоа што таа е блокирана и средствата ќе бидат повлечени од банките.
На дописот од Кунико реагираат банките доверители. Од таму велат дека Кунико ќе може да биде релевантен соговорник во разговор со банките доверители само откако ќе ги исплати двете заостанати плати за вработените и дел од доспеаните обврски кон банките. Притоа, не треба да ги лажат вработените дека не е возможно да им се исплати плата заради блокада на сметката од страна на банките доверители. Исплатата е законски можна затоа што Кунико тоа еднаш веќе го стори во септември, кога ја исплати августовската плата. На истиот начин нека го направат тоа и сега и нека ги исплатат заостанатите плати на вработените, а не да кажуваат невистини, стои во писмениот одговор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно
-
Тошковски: Сериозно сум загрижен за изборниот процес
-
Се заокружуваат предизборните коалиции
-
Азески: Економијата да биде приоритет, а политичарите да ги исполнат ветувањата
-
Приватните специјализанти на протест – нема корекција на плати пред избори, им вратија надлежните