Бизнис
8. November 2017 - 20:12

Работниците од Фени на протест

Вработените во Фени излегоа на протест пред филијалите на Комерцијална, Стопанска и Силк роуд   банката, најголемите доверители  кон кои фабриката има долг поголем од 40 милиони евра.

Од центарот на Кавадарци побараат владата и доверителите да најдат брзо решение за проблемот со фабриката пред да отиде под стечај. Велат ако дојде до тоа  над  800 работници ќе останат без работа, а на Фени ќе се стави клуч.  Ако не се реши проблемот протести ќе има и следните денови.

Вработените на протестот ја добија подршакат и од гранковиот синдикат. Од таму велат дека  надлежните наместо да дозволат Фени да работи во момент кога никелот  има добра цена на пазарот, тие ја држат во заложништво.

Во понедленик велешккиот суд треба да одлучи дали има услови Фени да оди под стечај.

Во меѓувреме претходното раководство доби две кривични пријави поради злоупотреба на службената положба.

Отворање на предстечајна постапка беше побарано од страна на трите банки. Освен кон нив фени должи уште 20 милиони евра и кон други доверители.

Понудата на потенцијалниот инвеститор Енекод за доверителите не беше доволна. Во игра се уште двајца , швајцарски  фонд и француска компанија.