Бизнис
24. November 2017 - 20:25

Работниците на Фени останаа и без плата и без огрев

И без плата и без огрев. Вработените во Фени индустри уплатиле за дрва преку синдикатот. Дрвата никогаш не стигнале до нив. Сега, битолската полиција ќе гони шест лица и две фирми под сомнение  дека переле пари токму преку дрвата за кавадаречките работници. Управителот на фирмата Прлица од Прилеп и фирма од Крушево се фирмите кои требало да испорачаат 3600 метри кубни огревно дрво, а синдикатот на Фени да плаќа на шест  рати. Парите се платени, дрва нема.

Со договорот, продавачот се обврзал да испорача 2.800 метра кубни дабови дрва од прва класа и 700 метри кубни бука прва класа, додека пак купувачот се обврзал да плаќа редовно на шест еднакви месечни рати. Паричните средства за првите три рати, кои биле уплаќани на жиро сметката на првопријавената фирма, веднаш биле извлекувани, паралелно со нивниот прием и без било какво реално покритие дека фирмата имала какво било работење,се вели во соопштението од МВР

Според полицијата откако синадикалците од комбинатот на прилепската фирма Прлица и уплатиле 60 илјаид евра, тие ги исвестиле дека  не можат да ја исполнат обврската и да ги испорачаат дрвата. Спор повеле и оштететните од Кавадарци пред судот во Велес.

Работниците од Фени ревоилтирани се и заради дрвата, но и од односнот на доверителите и  сопственикот. Бараат до понелднеик да им биде исплатена октомвриската плата ако не се заканија со исклучување на печката.

Во моментов за кавадаречки фени има отворено предстечајкан постапка.  Додека фабриката не работи месечно трупа трошоци од 3 милиони евра.