Фудбал
10. September 2016 - 20:27

Работнички - Силекс 3:1

Фудбалерите на Работнички забележаа победа со 3-1 против Силекс во воведниот натпревар од 5.коло на ПМФЛ

Иако гостите од Кратово на почетокот на средбата ја контролираа играта сепак по една грешка на Митко Мавров во 15-минута Елиф Елмаз им донесе предност на Романтичарите.

Силекс се обидуваше да стигне до израмнување, а Работнички го загрозуваше голот на Кратовци преку брзи контри. Таква беше и ситуацијата во 65-минута која по соло акцијата на Елмаз на вистинското место беше Кире Марковски зголеми на 2-0, додека во 75-минута Дурански беше стрелец на третиот погодок за домаќините кои во два наврати ја погодија и рамката од голот на Силекс тим  за кој почесниот гол го постигна Игор Недељковиќ во 87-минута.

 

ФУДБАЛ - ПРВА ЛИГА  5 коло

сабота

Работнички - Силекс    3-1

Недела (16 часот)

Брегалница - Шкендија         

Македонија ЃП - Вардар      

Победа - Шкупи

Ренова - Пелистер

 

 

Табела:

Бод

Нат

Поб

Н

Пор

ГР

1

Работнички

12

5

3

0

1

+5

2

Вардар

10

4

3

1

0

+8

3

Пелистер

10

4

3

1

0

+8

4

Силекс

7

5

2

1

1

+0

5

Шкендија

6

3

2

0

1

0

6

Ренова

5

4

1

2

1

0

7

Шкупи

2

3

0

2

1

-1

8

Македонија ЃП

2

4

0

2

2

-5

9

Брегалница

1

4

0

1

3

-9

10

Победа

0

4

0

0

4

-6