Работнички останува непоразен, голема победа над МЗТ
Кошаркарите на Работнички остварија победа во вечното кошаркарско дерби откако вечерва го совладаа првакот МЗТ Скопје Аеродорм на негов терен со 76:71. Ова беше последниот дуел од 8.коло од Првата лигата, а Работнички е единствената екипа со максимален учинок – осум победи. Резултат по четвртини: 17:15; 21:20; 20:19 и 13:22.
Кошаркарите на МЗТ Скопје на крајот на секој од првите три периоди имаа водство, но играчите на лидерот на табелата Работнички последниот период на овој неизвесен дуел го добија со девет поени разлика што се покажа како решавачко.
Најефикасен кај победникот беше Маркус Гинјард со 20 поени, додека Дамјан Стојановски реализираше 19 за МЗТ Скопје.
Работнички е прв на табелата со 16 бодови, пред Блокотехна со 15. МЗТ Скопје заедно со екипите на Карпош Соколи, Гостивар и Фени Индустри имаат по 13 бодови и се на делба од третото до шестото место.
Натпреварот имаше и хуманитарен карактер за помош собраните средства ќе бидат донирани за животната борба на поранешниот кошаркар на двата тима Стеван Гешовски.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто