Македонија
13. November 2017 - 9:13

Работилница за превенција на корупцијата, судирот на интереси и заштита на укажувачите

Државната комисија за спречување на корупцијата во соработка со инструментот TAIEX на Европската комисија и во партнерство со Антикорупциската агенција на Република Италија денеска и утре во Скопје организира меѓународна работилница на тема „Превенција на корупцијата, судирот на интереси и заштита на укажувачите“.

Денеска на отворањето на конференцијата ќе се обратат претседателот на Комисијата Игор Тантуроски, министерот за правда Билен Салији и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.