Македонија
29. April 2016 - 8:29

Работилница за експериментален филм на Скопје филм фестивал

Мастер клас/работилница за експериментален филм со шведскиот режисер Карл Абрахамсон организира денеска во киното „Фросина“, Скопје филм фестивал. Абрахамсон заедно со дел од актерската екипа од неговиот филм е гостин на фестивалот.

На работилницита ќе се разговара за ирационалните, емоционалните, направилните и темпо елементите во филмската продукција, човечкото лице и човечкиот поглед како клучен елемент во пренесувањето на емоции, како и американската против европската нарација.

Како дел од програмата Авторски филм, вечер во киното „Фросина“ ќе биде прикажан филмот „Неми усни“ (2016) на Карл Абрахамсон.