Македонија
18. December 2017 - 8:38

Работилница PeaceTech Exchange

Работилница Peace Tech Exchange, наменета за вработените во институциите на власта ќе се одржи денеска во Скопје. 

Работилницата официјално ќе ја отворат амбасадорот на САД Џес Бејли, заедно со министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски. 

На работилницата ќе учествуваат вработени во секторите за комуникации и информирање на Владата, Собранието, Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за локална самоуправа, Агенцијата за млади и спорт, како и на Градот Скопје, при што ќе разговараат и ќе бараат иновативни начини за да ја нагласат важноста од транспарентност и отчетност на властите.

Работилницата ја организира PeaceTech Lab од Американскиот Мироовен Институт, во соработка со локалниот партнер, Democracy Lab, а со поддршка на Амбасадата на САД во Македонија.