Свет
24. November 2017 - 10:47

Путин заплака кога ги види руските борци во ковчези - снимката ја видоа милиони

Секоја година во ноември се одбележува денот на вработените во руското МВР.

Секоја година се одбележува свечено.

Секоја година Русите на тој ден се сеќаваат и на оние кои како припадници на безбедносните сили го дадоа својот живот за татковината.

Видеото ја прикажува свечената академија одржана на тој ден пред 4 години. Ова видео снимено уште во 2013 година, повторно е актуелно на Јутјуб, па е повторно поставени и само за месец дена има повеќе од милион прегледи.

Можеби затоа зошто на него се појавува и Претседателот на Русија Владимир Путин како стои во првиот ред од гостите и плаче. Инаку важи за човек кој ретко покажува емоции во јавност.

Сепак кога се појавија сликите од руските паднати борци и снимките како ги изнесуваат во ковчези, не можеше да ги задржи солзите.

Погледнете го ова емотивно видео: