Путин: Забраната за руските параолимпијци е неморална
Претседателот на Русија Владимир Путин денеска изјави дека забраната за руските спортисти да учествуваат на Параолимписките игри во Рио де Жанеиро е неморална и најави организирање на посебно натпреварување за нив.
- Ние ве поддржуваме и ќе организираме специјални натпревари на кои ќе можете да го покажете своето мајсторство. Наградите за победниците ќе бидат исти како и тие на крајот од Параолимписките игри, истакна Путин на средбата со руските олимпијци.
Тој додаде дека Русија ќе продолжи да се бори за спорт без допинг.
- Неправедно и неморалмо е да се лутите на тие за кои спортот е смисла на животот, кои со својот пример им даваат надеж и верба во сопствените сили на милиони луѓе со инвалидитет. Жал ми е за тие кои носат такви одлуки, бидејќи мора да знаат дека тоа за нив самите е понижувачки, истакна Путин.
Рускиот министер за спорт Виталиј Мутко најави дека Москва ќе се жали до швајцарскиот федерален суд на одлуката на Судот од Лозана да им забрани учество на параолимпијците во Рио.
На руските атлетичари, освен на Дарија Клишине, поради наводен систематски допинг не им беше дозволено учество на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.
Ново на Сител
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та