Свет
8. December 2017 - 15:38

Путин в понеделник доаѓа во Анкара на нова средба со Ердоган

 Рускиот претседател Владимир Путин в понеделник ќе допатува во главниот град на Турција, Анкара на средба со шефот на турската држава Реџеп Тајип Ердоган, јавија денеска турските медиуми. 

Главна тема на средбата меѓу двајцата претседатели ќе биде новонастанатата ситуација по одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел, што предизвика незадоволство и протести во арапските и муслиманските држави. 

Според најавите, на средбата Ердоган и Путин ќе разменат мислења и за ситуацијата во Сирија, како и за билатералните односи меѓу Турција и Русија. 

Како што јави МИА, Путин ја посети Анкара на 28 септември оваа година, по што двајцата лидери повторно имаа средба и на 22 ноември во рускиот град Сочи. 

Односите меѓу Анкара и Москва се влошија во ноември 2015 година, откако турската противвоздушна одбрана собори руски воен авион во реонот на границата меѓу Турција и Сирија. Но, по ланскиот неуспешен обид за воен удар во Турција, дојде до подобрување на билатералните односи, што резултираше и со неколку средби меѓу Ердоган и Путин и склучување на повеќе договори за соработка, вклучително и за изградба на гасоводот “Турски