Путин тврди дека сите ќе го почитуваат примирјето во Сирија
Русија добила информации дека сите страни во Сирија за кои се очекува дека ќе учествуваат во прекинот на огнот се подготвени тоа да го сторат, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.
Западни медиуми повикувајќи се на извори блиски до мировните преговори пренесуваат дека „најголем дел“ од вооружените групи сигнализираат дека ќе го почитуваат договорот.
- Мировниот процес во Сирија ќе биде тежок, но нема алтернатива, изјави Путин на состанок со официјални претставници на руската Федерална служба за безбедност.
Според договорот, вооружените групи мора да се изјаснат до САД или Русија најдоцна до пладне по сириско време.
Договорот стапува на сила на полноќ. Истовремено, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија очекува СБ на ОН да усвои резолуција со која ќе се потврди договорот за прекин на непријателствата во Сирија.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација