Свет
14. April 2016 - 13:19

Путин: Спремни сме да им подадеме рака за помош на нашите партнери

Доколу некој реши да се удави, не е можно да го спасите, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин, одговарајќи на прашање на граѓаните во т.н. „Директна линија“, „кого би спасил прво ако се дават, Петро Порошенко или Реџеп Тајип Ердоган“, претседателите на Украина и Турција. 

- Спремни сме да им подадеме рака за помош и пријателство на сите наши партнери, ако тие го сакат тоа, истакна Путин. 

Руските медиуми наведуваат дека на Путин ова прашање му го поставило едно 12-годишно девојче.