Свет
7. December 2017 - 17:03

Путин се уште не одлучи дали да се бори за нов мандат како независен или како партиски кандидат

 

Рускиот претседател Владимир Путин се уште не одлучил дали ќе се кандидира за нов мандат на изборите следната година како независен или како кандидат за партија, изјави денеска неговиот портпарол Дмитриј Песков.

Путин вчера соопшти дека ќе се бори за четвртиот претседателски мандат на изборите закажани за 18 март.

Неодамнешните анкети покажуваат дека тој ужива доверба кај 80 отсто од избирачите.

Минатата година, неговата партија „Единствена Русија“ победи на парламентарните избори, но нејзината популарност меѓу гласачите е неспоредливо пониска од онаа на Путин.