Путин: Русите и Украинците во суштина се еден народ
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русите и Украинците во основа се еден народ, поврзани со заедничка историја и верски и други корени.
- Развојот на словенскиот свет беше тежок процес. Самата Русија е составена од многу словенски племиња. На крајот формирана е Русија, а Киев беше нејзин дел и центар. Во таа смисла, нашите историски, верски и други корени дозволуваат да кажеме дека ние во суштина сме еден народ, нагласи Путин.
Рускиот претседател оцени дека одлуката на советските власти да го припојат Крим кон Украина во 1954 година, претставува крешење на законите во тоа време.
- Не сакаме Русија да стане втора Украина, нели? Не, не, не сакаме, и нема да дозволиме тоа да се случи, посочи Путин.
Рускиот претседател, исто така на годишната прес-конференција наведе дека тој и американскиот претседател Доналд Трамп почнале да разговараат неофицијално.
Путин нагласи дека е од големо значење светските лидери да воспостават работни односи едни со други.
Тој изрази надеж дека постепено Трамп ќе успее да добие можности за создавање на контакти со Русија и ќе започне да ги исполнува предизборните ветувања и намери.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација