Свет
11. November 2015 - 17:09

Путин: Русија не учествува во трката за вооружување

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија не учествува во трката за вооружување.

- Русија нема намера никого да престигне, туку само мора да го надополни пропуштеното во 90-тите години, кога, поради лошата финансиска ситуација, први на удар се нашле вложувањата во армијата, истакна Путин.

Тој вчера нагласи дека Русија работи на ракетниот систем, кој ќе може да го пробие одбранбениот штит планиран од САД.