Свет
26. November 2015 - 9:38

Путин: Русија ќе зајакнува токму онака како што сакаше Борис Елцин

Рускиот претседател Владимир Путин истакна дека е уверен дека Русија ќе се развива и зајакнува онака како што сакаше Борис Елцин, првиот претседател на Руската Федерација.

-Се сеќавам на зборовите на Елцин кои цела земја ги знае - ’Грижете се за Русија’, рече Путин на церемонијата на отворање на новиот претседателски центар на Елцин во Екатеринбург, на Урал.

„Тие зборови се упатени кон секого од нас, сегашните и идните генерации“, истакна Путин.

Елцин сакаше Русија да стане моќна, просперитетна и среќна земја, наведе Путин, додавајќи дека било потребно да се надминат многу проблеми за да се оствари оваа цел, пренесе ТАСС.

-Ќе ги решиме сите актуелни проблеми. Русија ќе зајакнува и ќе се развива со напор, труд и талентот на нашиот народ, кој е лојален кон татковината, порача рускиот претседател.