Свет
27. September 2015 - 19:16

Путин: Русија и дава воена помош на легитимната армија на претседателот Асад

Русија во Сирија и пружа помош легитимната армија на претседателот Башар ал Асад, изјави рускиот претседател Владимир Путин, јави ТАСС.

Путин ова го изјави во интервју пред американскиот новинар Чарли Роуз за телевизиите Си-Би-Ес и Пи-Би-Ес во пресрет на 70. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации.

Според него руското присуство во Сирија во моментот се состои од доставување оружје за сириската Влада, обука на персонал и пружање хуманитарна помош за сирискиот народ. 

- Таму има само една легитимна армија, тоа е армијата на претседателот на Сирија, Асад, посочи рускиот претседател.

Путин нагласи дека воената поддршка на нелегалните структури не одговара на принципите на современото меѓународно право и на Повелбата на ОН. 

Тој додаде дека воената помош може и треба да им се пружи само на легитимни влади или на земји, со нивна согласност или по нивно барање или со одлука на Советот за безбедност на ОН. 

- Во овој случај станува збор за барање за пружање на воено-техничка помош, која ние ја правиме во рамки на апсолутно законските меѓународни договори. Поддржуваме апсолутно легални владини структури, истакна рускиот претседател.

- Според интерпретацијата на некои наши меѓународни партнери на силите на Асад им се спротивставува опозицијата, но во пракса реално армијата на Асад се бори против терористички организации, посочи Путин.

Во интервјуто тој се повикува на извештаи на претставници на Пентагон пред Конгресот на САД за американската обука на воените сили на сириската опозиција.

Според него наместо пет илјади до 12 илјади борци, биле обучени вкупно 60 илјади, а со оружје в рака се едвај пет четири илјади до пет илјади лица, сите останати преминале на страната на Исламска држава со американско оружје. 

Рускиот претседател нагласи дека Русија им нуди соработка и на земјите од целиот регион.

- Се обидовме да создадеме некаква координациска структура. Лично ги инфорирав за тоа претседателот на Турција и кралевите на Јордан и Саудиска Арабија, рече Путин и додаде дека за тоа биле информирани и САД, американскиот државен секретар Џон Кери разговарал за тоа прашање со неговиот руски колега Сергеј Лавров. 

- Ќе бидеме мошне задоволни доколку пронајдеме заедничка платформа за заеднички дејствија против терористите, нагласи шефот на руската држава.