Свет
27. February 2017 - 11:24

Путин: Преговорите за Сирија во Астана помогнаа за заживување на преговорите во Женева

Преговорите за зајакнување на сириското примирје, што се одржаа оваа година во Казахстан, помогнаа за заживување на преговорите во Женева што се водат со посредништво на ОН, изјави рускиот претседател Владимир Путин. 

- Беше создаден механизам за контрола на примирјето, што е најважно. Тоа е основата што овозможи да се обноват преговорите во Женева, истакна Путин за време на посетата во Казахстан. 

- Русија се надева дека сириската опозиција ќе состави заедничка делегација за мировните преговори во Женева, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Михаил Богданов. 

Богданов додаде дека и курдите треба да учествуваат во преговорите.

ОН ги отвори сириските мировни преговори на церемонија во четвртокот. 

Сириските бунтовнички групи, кои се поддржани од Турција, влегле во судири со владините сили во северниот дел на Сирија. 

Ова е втора ваква конфронтација во регионот во текот на последните недели. 

Сириската слободна армија соопшти синоќа дека судирите се случиле јужно од градот Ал Баб, близу до градот Тадеф. 

Бунтовниците од Сириската слободна армија и сириската владина војска, што се поддржани од Турција, се борат против Исламската држава во одделни операции во реонот североисточно од Алепо.