-->
-->
Путин понуди помош за пронаоѓање на аргентинската подморница
-->
Рускиот претседател Владимир Путин го охрабри аргентинскиот колега Маурисио Макри околу исчезнувањето на подморницата Сан Хуан во јужниот дел на Атлантскиот Океан и понуди помош во операциите за потрага и спасување, соопшти синоќа Кремљ.
- Владимир Путин го охрабри претседателот на Аргентина, Маурисио Макри во врска со исчезнувањето на подморницата Сан Хуан во Атлантскиот Океан. Руската страна понуди помош во потрага и спасување. Тие се согласиле дека министерствата за одбрана на двете земји ќе одржуваат контакт во врска со тие прашања, се наведува во соопштението.
Подморницата исчезна на 15 ноември, на која се наоѓале 44 членови на екипажот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела