Свет
14. December 2017 - 19:45

Путин остана жив благодарение на нив: Еве како пилотите на руските ловци го штитеа претседателот во Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин им откри на новинарите на годишната прес-конференција дека неговата неодамнешна посета на Сирија била обезбедена на високо ниво.
 
Тој изјави дека пилотите на руски ловци ги ризикувале нивните животи за да го заштитат, рече Путин. За време на слетувањето, авионите летаа под претседателскиот авион за да ја сокријат својата термална патека.
 
"Ги набљудував пилотите и момците. Тие не само што летаа, туку при слетување слетаа под авионот ", рече Путин.
 
Рускиот претседател рече дека овој маневар е многу опасен за пилотите на ловците, но сепак тие одлучија да го обезбедат претседателски авион.
 
"Им се се заблагодарувам и сакам да го знаат тоа и да го слушаат. Но, не сум сигурен дека тоа е неопходно", рече Путин.
 
"Што се однесува до безбедноста при посетата на Сирија, нашите војници беа на теренот, бидејќи експертите знаат дека најопасните моменти на ваквите настани се слетувањето и полетувањето на авионот кој може да биде цел (пренослив ракетен комплекс на противвоздушна одбрана)", рече Путин.

 

.