Путин: Односите меѓу Кина и Русија се добри
Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска на средбата со кинескиот премиер Ли Кечианг во Пекинг дека односите меѓу двете земји имаат добра основа за натамошен развој и се темелат на меѓусебни интереси.
Според Путин, основата на билатералните односи меѓу Русија и Кина е економијата и врз тоа се гради партнерство и во други подрачја, на меѓународната сцена, во културата и образованието.
- Нашите односи ги градиме водејќи сметка за меѓусебните интереси и досега во се успеавме, истакна рускиот претседател.
Тој додаде дека двете земји имаат однос на стратешко партнерство „со добри можности за иднина“.
Кремљ се надева дека посетата на рускиот лидер на Кина ќе биде содржајна и продуктивна, а двете страни планираат да потпишат повеќе десетина договори.
Фокусот на посетата е придвижување на заедничките проекти во областа на инвестициите, развојот на земјоделството и транспортната инфраструктура, соработка во областа на економијата, трговијата, енергетиката, атомската енергија, воздухопловната и ракетно-вселенската индустрија.
Ново на Сител
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани