Loading Video...
Свет
14. December 2017 - 22:34

Путин ќе се кандидара за нов претседателки мандат како самостоен кандидат

На  претседателски избори во Русија, во  март 2018 година  актуелниот претседател Путин ќе настапи  како самостоен  кандидат. Според Путин, Опозицијата  нема силен кандидат кој би му се спротиставил .

- Важно е да имаш како опозиција да понудиш нешто , а не само да седиш и да се жалиш по кафулињата и да зборуваш за антинародниот режим. , истакна Путин.

На годишната прес конфренција  во Москва, Путин  порача и дека Русија ќе посвети големо внимание на својата одбрана, но и дека  нема да влезе во нова трка во вооружување со американците.  Истакна и дека  очекува нормалзиирањае на односите со САД , како  и натамошна доградба на стратешкото  партнерство со Кина. Конференцијата траеше речиси 4 часа  а за неа беа акредитирани рекордни 1640 новианри од Русија и од странство.