Свет
19. September 2016 - 8:56

Путин ја поздрави победата на „Единствена Русија“ на изборите

Рускиот претседател Владимир Путин ја поздрави победата на владејачката партија „Единствена Русија“ на вчера одржаните парламентарни избори.

- Веќе можам со увереност да кажам дека партијата постигна многу добар резултат: Таа победи, изјави Путин пред партиските активисти во изборниот штаб на „Единствена Русија“, во присуство на премиерот и лидерот на партијата Дмитриј Медведев.

Според него, Русите гласале за политичка стабилност на земјата.

- Ситуацијата е тешка и луѓето тоа го чувствуваат. Тие сакаат стабилност во општеството, нагласи рускиот претседател, додавајќи дека народот е свесен дека „Единствена Русија“ навистина го прави она што е најдобро за него.