Путин и Камерон разговараа за истрагата за падот на рускиот авион
Рускиот претседател Владимир Путин и британскиот премиер Дејвид Камерон денеска телефонски разговараа за истрагата за падот на рускиот патнички авион во Египет, соопшти денеска прес-службата на Кремљ, пренесува Танјуг.
Во разговорот инициран од британска страна, Путин потенцирал колку е важно проценката на можните причини за падот на леталото да биде заснована на информации од официјалната истрага, се наведува во соопштението.
- Тие исто така, ја разгледуваа и можноста за заедничка борба против тероризмот, се наведува во соопштението, кое го пренесува ТАСС.
Камерон претходно денеска изјави дека е „повеќе веројатно отколку што не е“ дека падот на рускиот патнички авион е предизвикан од бомба. Британските функционери се уште не се сигурни дека авионот е разнесен од бомба, но за тоа постои „голема можност“, рече Камерон пред својата резиденција во даунинг Стрит 10.
Авионот „Ербас А321“, на руската авиокомпанија „Когалимавија“ на летот од Шарм ел шеик до Санк Петерсбург се урна во саботата 23 минути по полетувањето, при што загинаа сите 224 патници и членови на екипажот.
Ново на Сител
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана