Бизнис
8. February 2017 - 20:45

Путин го ратификуваше договорот за Турски поток, корист од гасоводот ќе има и Македонија

Путин го одобри договорот за изградба на Турски поток потпишан со Анкара.

Со него се предвидува изградба на две линии гасовод под Црното Море.

Едната траса од гасоводот директно ќе го снабдува турскиот пазар со руски гас. Другата е планирана за испорака на рускиот  гас преку Турција во земјите на ЕУ.

Според експертите ова е добра вест за Македонија. Се очекува и земјава да се приклучи кон вториот цевковод  кој треба да мине низ Грција а оттаму до Италија.

Изградбата на Турски поток се планира да  заврши во следните две години. Во меѓувреме кај нас интензивно се работи на целосната гасификација на земјава.

Примената на гасот  ќе ги намали трошоците на фирмите и домаќинствата. Со ова ќе се смали и аерозагадувањето.