Свет
23. August 2017 - 20:37

Путин го поздрави дијалогот меѓу Ватикан и Руската православна црква

Рускиот претседател Владимир Путин денеска го поздрави дијалогот меѓу Ватикан и Руската православна црква. 

Путин, по состанокот со државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, наведе дека „универзалните човекови вредности ја создаваат основата за руските врски со Ватикан, како и односите меѓу двете цркви“. 

Рускиот претседател му се заблагодари на Ватикан за позајмувањето на иконата на Свети Никола за време на летото и ја поздрави организацијата на изложбата за слики од ватиканскиот музеј во Москва. 

Тој најави дека Русија следната година ќе биде одговорна за организацијата на изложбата за руска уметност во Ватикан.