Свет
3. July 2016 - 19:20

Путин го потпиша законот за формирање Национална гарда

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша законот за формирање Национална гарда на Руската Федерација.

Како што наведуваат руските медиуми, документот е објавен на официјалниот интернет-портал за правни информации.

Владимир Путин во април го најави формирањето Национална гарда од внатрешните сили на МВР и на Државната дума и го упати соодветниот закон на усвојување.

Новиот федерален орган на извршната власт ќе се занимава со борба против тероризмот и организираниот криминал, ќе обезбедува јавен ред во вонредни ситуации и за време на изведување контратерористички операции, ќе чува важни државни објекти и специјален товар и ќе и помага на Федералната служба за безбедност во чување на државаната граница.