Путин: ЕУ сама ги покрена сепаратистичките тензии во Европа
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека земјите членки на Европската унија, со поддршката за распаѓањето на некои земји и одвојувањето на Косово од Србија, само го поттикнале растот на сепаратистичките тензии во Европа, истакнувајќи дека со тоа самите си се „нашле на удар“, како во случајот со Каталонија.
Путин во ображањето на завршната пленарна седница на Меѓународниот дебатен клуб „Валдај“ во Сочи, го повтори ставот на Русија дека ситуацијата во Каталонија е внатрешно прашање на Шпанија.
- Кога станува збор за ситуацијата во Каталонија, видовме од ЕУ и поголемиот број на држави, едногласна осуда за оние кои ја поддржуваат каталонската незавиност. Знаете, не можам, а да не забележам нешто во врска со тоа - требаше за тоа да размислувате порано, нагласи Путин.
Тој додаде дека, своевремено Европа практично со добредојде прифати поголем број земји, а потоа едногласно ја поддржа независноста на Косово, „покренувајќи слични процеси во други региони на Европа и во светот“.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација