Свет
7. April 2016 - 20:19

Путин: Држењето затвореници во Гвантанамо нема ништо заедничко со демократските принципи

Држењето затвореници во Гвантанамо нема ништо заедничко со демократските принципи, изјави рускиот претседател Владимир Путин, цитиран од ТАСС.

- САД кажаа дека ќе го затворат Гвантанамо. И што?  Го затворија ли? Не. И сега таму има луѓе во окови, како во средновековието, рече Путин на форумот за медиуми „Општоруски народен фронт“ во Санкт Петербург.

- Сите организации за правата на човекот си ги голтнаа јазиците и никој ништо не кажува за Гвантанамо, забележа Путин.

„Тешко е да замислиме дека вакво нешто е можно во современиот свет - луѓе да се затвораат без суд и пресуда, неверојатно е дури тоа само и да си го замислиме. Замислете тоа да беше кај нас? изјави рускиот претседател.