Свет
30. јуни 2016 - 15:18

Путин: Брегзит ќе има долготрајни драматични последици

Рускиот претседател Владимит Путин денеска изјави дека Брегзит ќе има долготрајни драматични последици.

- Имаме намера внимателно да ги следими разговорите меѓу Лондон и Брисел и какви последици ќе има Брегзит врз Европа и врз нас. Трауматичниот ефект од референдумскиот резултат ќе се чувствува уште долго. Да видиме како таму принципите на демократијата ќе бидат применети во пракса, оцени Путин.

Тој додаде дека резултатите од референдумот го потресле пазарот.

- Сепак мислам дека се ќе се среди во некој среден рок, посочи Путин.

Тој наведе и дека излегувањето од Европска унија е одлука на британските државјани и оти Русија на ниту еден начин нема да се меша во тој процес.

Путин се осврна и на изборите во САД, нагласувајќи дека Русија е подготвена да соработува со кој било иден американски претседател, но исклучиво на рамноправна основа.

Рускиот претседател во разговор со амбасадорите и постојаните претставници на Русија посочи дека Москва искрено се залага за што побрзо решавање на кризата во Украина, но смета дека пролонгирањето е неприфатливо.

Путин осврнувајќи се на ситуацијата во Сирија наведе дека ќе одлучуваа резултатите од борбата против Исламска држава.

- Тероризмот стана главен предизвик за меѓународната безбедност, истакна Путин.