Фудбал
21. July 2017 - 15:40

Пуштени во продажба билетите за дуелот Вардар - Копенхаген

 
 Од денеска пуштени се во продажба билетите за натпреварот од третото квалификациско коло за Лигата на шампиони меѓу македонскиот првак Вардар и данскиот Копенхаген. 
 
Управата на Вардар реши, билетите за овој меч да се продаваат по цена од 300 денари.
 
Вардарци добија можност овој меч да го играат на Националната Арена „Филип Втори“, а согласно препораката на УЕФА и договорот на двата тима првиот натпревра ќе се игра во Скопје во вторник (25 јули), додека реваншот во Копенхаген е на 2 август.
 
Билетите ќе се продаваат преку интернер страната на „ticketplus.mk“, и на вообичаената продажна мрежа како и досега.
 
Според објавеното на „ticketplus.mk“ ќе се продаваат воезници само за дел од  Јужната (блок 1,2,3,4 и 5) и Западната трибина (блок 29 и 30).
 
 
 
Ваквата одлука се должи на тековните работи на останатите две трибини (Северна и Источна ) кои се подготуваат за претстојниот дуелот од УЕФА Суперкупот  меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед кој ќе се игра на 8 август, па затоа тие две трибини ќе останат затворени за мечот меѓу Вардар и Копенхаген. 
 
Натпреварот меѓу Вардар и Копенхаген во фторник ќе започне во терминот од 20 часот.