Македонија
16. September 2015 - 19:35

Пуштена во употреба новата спорска сала во Липково

Во основното училиште Дитурија во општина Липково денеска е пуштена во употреба спортска сала, дел од владиниот проект за 145 училишни спортски сали на ниво на државата.

Надлежните сметаат дека ова е пример за добра соработка меѓу централната и локалната власт.

-Ова е втора сала во липковско, која се протега на површина од 650 метри квадратни. За овој проект се потрошени 23 милиони денари или 430.000 евра финансирани од министерството за образование и наука во соработка со општина липково. Може да се користи за повеќе намени, но пред се за одржување на часовите по физичко образование, изјави Абдулаќим Адеми, министер за образованиеи наука.

Според претседалот на ДУИ, Али Ахмети првенствена задача на општеството е да се унапредуваат и усовршуваат условите за образование на децата во општеството.

Во рамките на оваа мисија и платформа ние се залагаме за да изградиме услови многу подобри од оние кои  вчера ги имале децата. Ние преферираме да бидеме дел  на Европа. Во Европа се бараат стандарди не само полИтички и државнички, туку и стандарди во образовнииот процес, изјави Али Ахмети, претседател на ДУИ.

Во основното училиште во Липково настава посетуваат окол 430 ученици.