Македонија
26. October 2016 - 16:20

Пуштена во употреба нова градинка во Горно Лисиче за згрижување 100 деца

Горно Лисиче доби нова градинка со капацитет да згрижи 100 деца од предучилишна воздраст. Градинката „Лавче“ која почна со градба на почетокот на годината, според надлежните беше долгогодишно барање на жителите што живеат во ова населено место. Целта на институциите е со овие проекти целосно да се реши проблемот со листите за чекање односно да се задоволат потребите на родителите во овој регион.

-  Со проектот за изградба на 140 нови градинки ќе се отворат капацитети за згрижување на околу 18.000 дечиња што е огромна бројка.

Според Конески напорите на општината и министерство резултираа со изградба на оваа градинка додека во меѓувреме се гради нова во населбата Јане Сандански.

-Ова е заедничка инвестиција на општина Аеродром и Министерството за труд и социјална политика. Би сакале да изразиме огромна благодарност за соработката која што ја имаме со ова Министерство и се надеваме дека таа ќе продолжи и понатаму во интерес на жителите на општина Аеродром.

Спасов информираше дека во минатите 10 години се отворени вкупно 54 детски градинки, со што е излезено во пресрет на огромен број семејства.