Македонија
22. November 2017 - 21:21

Пуштање на патот Старчево - Крналово - Први Мај

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу утре, по завршувањето на заедничката седница на Владата на Република Македонија и на Владата на Република Бугарија што ќе се одржи во Струмица, на покана на бугарскиот колега, министерот за регионален развој и јавни работи Николај Нанков, ќе присуствува на церемонијата на пуштањето во употреба на реконструираниот пат III-1084 “III-108-Старчево-Крналово-Први Мај”, во Република Бугарија.

Реконструираниот пат на бугарска страна е од значење за жителите од двете страни на границата зашто ја олеснува комуникацијата до граничниот премин меѓу Република Бугарија и Република Македонија, Златарево - Ново Село.